После 20 домашни сезони со настап во светскиот TCR шампионат

Давидовски тргнува во светски поход

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски после 20 сезони извозени во македонскиот и српскиот шампионат, во 2018 година ќе настапува во светскиот TCR шампионат.

објавено: 10 октомври 2017 - 16:15

Давидовски првата своја трка ја имаше во 1998 година и до 2010 настапуваше во шампионатите на Македонија на кружни и ридски патеки, а потоа започнува да настапува во Шампионатот на Србија на кружни патеки во најбројната класа „хибрид". Годинава тој доминантно ја освои титулата и стигна до својот 10 шампионски пехар во кариерата.

"После толку многу години поминати на балканските патеки, дојде време Македонија да ја претставиме на светско ниво. Полека, но сигурно се подготвуваме за следната сезона, автомобилот е уплатен, ќе го имаме на располагање еден од првите 25 автомобили од најновата генерација на Honda Civic Type R TCR." – изјави Давидовски.

Изминатиот викенд тој настапи со Seat Leon TCR V2 DSG на трка на издржливост во траење од 12 часа која се одржа на легендарната Ф1 патека Спа Франкоршамп во рамките на 24h TCE Series.

„Зацртавме цел, дојдовме и ја постигнавме. Јас не дојдов овде да бркам пласман, бидејќи прв пат седнувам во автомобил со овие спецификации, единствена цел беше тренинг и тест. Извозев преку 600 тркачки километри, а тоа е многу повеќе отколку што целиот шампионат кој го возев во Србија годинава.



Започнав да го испробувам автомобилот, патеката, начинот на работа на тимовите и сериозноста на овие натпреварувања. Цел викенд беше врнежлив и се возеше во многу тешки услови, така што не успеавме да тестираме на сува подлога. И крајно професионални тимови имаа огромни проблеми со кои се справуваа, за разлика од аматерскиот тим во кој го изнајмивме седиштето и бев еден од тројцата натпреварувачи. После се што видовме до сега, за да одиме во светскиот TCR шампионат следната година, треба да склопиме перфектно организиран и сериозен тим, и затоа моментално сме концетрирани на тоа поле." – дополни Давидовски.

Најново во Авто-мото