ПО ПАУЗА ОД ТРИ ГОДИНИ, ТРКИ ВО КИЧЕВО

Доминација на АКК „Никола Карев"

На патеката во Кичево, по пауза од три сезони, се одржа првиот натпревар од државниот шампионат во автомибилизам на кружни патеки. Се појавија 21 натпреварувач од седум клубови од земјава. Возачите беа поделени во пет класи, кои беа групирани во две дивизии.

објавено: 9 јули 2017 - 21:45

На патеката во Кичево, по пауза од три сезони, се одржа првиот натпревар од државниот шампионат во автомибилизам на кружни патеки. Се појавија 21 натпреварувач од седум клубови од земјава, поделени во пет класи, кои беа групирани во две дивизии.

Во класа 1, првото место му припадна на Филип Василески од АКК „Никола Карев". Како втор заврши Димитрија Лазаревски од Кастом Кар, а на третото место се пласираше Ѓорѓи Наков од АКК Никола Карев.

Во класа 2 до 1.400 сантиметри кубни, Марио Велкоски од АКК „Никола Карев", заврши на првото место, Мартин Ковачески од АКК Скопје кој финишираше како втор и на Мартин Делев од Кастом Кар кој помина како трет низ целта..
Во класа 3, до 1.600 сантиметри кубни, првото место го освои Ванчо Мижоски од Фичо 600, пред клупските колеги од АКК „Примо' , Дарко Ангеловски кој заврши како втор и Тодор Исаилоски кој се пласира на третата позиција.
Во класа 4 поради дефекти и други проблеми, нема забележано ниту еден пласман, додека пак во најсилната класа 5, над 2.000 сантиметри кубни, запишан е еден пласман. И тоа на Ненад Петковиќ од АКК „Никола Карев".
Наредниот натпревар од меѓуклупскиот шампионат, втор за оваа сезона, ќе се одржи во септември на автодромот во Кичево.

Најново во Авто-мото