СО 11 СЕКУНДИ ЗАОСТАНУВАЊЕ...

ИЏЕ „БАКСУЗЕН", заврши на 13. место во првата трка на Хунгароринг

Нашиот најдобар автомобилист имаше нешто повеќе од 11.секунди заостанување зад победникот, Душан Борковиќ од Србија.

објавено: 7 јули 2018 - 14:59

Игор Стефановски-Иџе се врати во трките од ТЦР шампионатот на Европа, и тоа на добро познатата патека Хунгароринг во Унгарија.

На првиот натпреварувачки ден, Иџе, немаше многу место за радување, особено ако се земе в предвид резултатот од првата (од двете) предвидени трки на пистата Хунгароринг.

Нашиот најдобар автомобилист ги одвозе оние 12 круга од патеката за време од 26.50.306 минути, што беше доволно да ја заземе 13. позиција на табелата во конечниот поредок.

Трката ја освои Србинот Душан Борковиќ, кој имаше дури 11 секунди преднос во однос на нашиот ас, пред Стиан Поулсен од Норвешка, и Даниел Наги од Унгарија.
Утре се вози втората трка од овој дле од шампионатот, на која се надеваме на далеку подобар пласман на Стефановски од овој денешниот.

 

Најново во Авто-мото