НАШИОТ ВОЗАЧ ПРЕД НОВА ПОБЕДА

Иџе блеска во Германија: Стефановски го собори рекордот на патеката

Актуелниот европски шампион на ридски патеки Игор Стефановски Иџе се наоѓа на чело по првото возење од трката за на патеката Глазбах во Германија.

објавено: 26 јули 2015 - 12:09

Тој го освои првото место со време од 2:35,466 минути што е за четири секунди побрзо од претходниот рекорд кој, исто така, беше во сопственост на Стефановски. Втор по првото возење е Јиржи Лос со околу шест секунди послабо време, додека на третата позиција се наоѓа Мартин Јерман, двајцата од Чешка.

Одличното прво возење на патеката е добар предуслов за нова победа на Стефановски во Европскиот куп. Дали ќе успее ќе биде јасно попладнево кога се вози втрата трка.

Најново во Авто-мото