ИЗЛЕТА ОД ПАТЕКАТА НА ВТОРАТА ТРКА ВО ЛЕ KAСТЕЛЕТ

Иџе го парчоса Хјундаито (видео)

Македонските возачи Игор Стефановски и Виктор Давидовски имаа лош ден во ТЦР Европа шампионатот во Лe Кастелет, Франција.

објавено: 6 мај 2018 - 17:55

Иџе лошо помина на втората трка на патеката „Пол Ришар" во Франција. Со своето Хјундаи во обид да го помине Милер кој беше пред него, малку го закачи, ја изгуби контролата врз автомобилот и тресна во сигурносниот ѕид. Иџе е неповреден, а автомобилот претрпе сериозни оштетувања. Виктор Давидовски се откажа пред крајот на трката.

На победник на вторта трка беше српскиот возач Душан Борковиќ кој тргна од десеттото место и мина прв низ целта. Борковиќ беше прв и на првата трка во саботата.
Па така во генералниот пласман Борковиќ има 55 поени, А Стефановски има шест поради седмото место што го освои на првата трка.
Шампионатот во ТЦР Европа продолжува на 20/21 март во холандски Зандворт.

Најново во Авто-мото