МАКЕДОНЕЦОТ ГО ЧЕКА ТЕШКА ЗАДАЧА

Иџе ќе стартува петти во Чешка

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе ќе стартува од петтото место на утрешната трка на патеката Мост, која е последна и одлучувачка на ЕТТЦ шампионатот. 

објавено: 7 октомври 2017 - 15:29

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе ќе стартува од петтото место на утрешната трка на патеката Мост, која е последна и одлучувачка на ЕТТЦ шампионатот.

Пол-позицијата му припадна на Унгарецот, Норберт Наџи, на второто место заврши Кристјохансен Шрајбер од Австрија. Петр Фулин од Чешка кој е лидер во генералниот пласман се најде на третото место, додека Пламен Кралев од Бугарија заврши пред нашиот најдобар автомобилист, Стефановски, кој утре ќе има тешка задача да го оствари историскиот успех, ќе треба да надомести девет бода. 

Првата трка во Мост почнува утре во 10.50 часот, а втората е закажана со почеток од 12.30 часот.

 

Најново во Авто-мото