ЗАВРШИ СЕЗОНАТА ВО ЕТТЦ

Иџе на крајот четвртти, титулата за Фулин

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе не успеа да направи сензација, заврши на четвртото место на овогодинешниот ЕТТЦ шампионат. Ваквиот епилог беше познат уште по првата трка на патеката Мост. 

објавено: 8 октомври 2017 - 13:11

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе не успеа да направи сензација, заврши на четвртото место на овогодинешниот ЕТТЦ шампионат. Ваквиот епилог беше познат уште по првата трка, Иџе го освои осмото место на патеката Мост. 

Нашиот најдобар автормобилист беше нешто подобар во втората трка, до шестиот круг беше прв, но Шрајбер сакаше да го претекне, но тоа лошо го направи и излета од петеката, по што Иџе ја загуби челната позиција и до крајот не се врати. Втората трка тој ја заврши на петата позиција со 8,860 сеукнди заостанување зад победникот Петар Фулин од Чешка. 

Во генералниот пласман Петар Фулин има 80 бода, зад него е Наги со 73, додека третата позиција му припадна на Шрајбер, кој има четири бода повеќе од Иџе.

 

Најново во Авто-мото