ПОЧНА ТЦР ЕВРОПА ШАМПИОНАТОТ

Иџе седми на првата трка во Ле Кастелет

Игор Стефановски - Иџе предмалку ја извозе првата трка во „ТЦР Европа" шампионатот и заврши на седмата позиција.

објавено: 5 мај 2018 - 16:11

Шампионатот во ТЦР Европа денеска почна на патеката Пол Ришар во Ле Кастелет, Франција. Иџе со својот Хјундаи и30 имаше најбрзо време во првата квалификациска рунда (2:14.034), но во втората беше дури 11-ти.
Во првата од двете главни трки Иџе одлично се носеше на стартот, но потоа падна во подолните позиции и се најде во борба со уште три возачи: Џош Фајлс, Стиан Паулсен и Рис Бар за четвртото место кое реално беше достижно. Меѓутоа нашиот возач не успеа да ги помине и така заврши на седмата позиција со 21.853 секунди послабо време од победникот.

А победник на првата трка од новата сезона е српскиот возач Душан Борковиќ со Хјундаи и30 Н со време 27:08.766. Втор беше унгарецот Даниел Наги (Хјундаи и30), а трет Микел Азкона (Купра).

Вториот наш претставник во шампионатот Виктор Давидовски со Хонда заврши на 16 место.
Втората трка викендов во Ле Кастелет се вози утре од 15:50 часот.

Најново во Авто-мото