Игор Стефановски го претстави новиот автомобил

ИЏЕ СО „ХЈУНДАИ" ВО ТЦР ШАМПИОНАТОТ

Најуспешниот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе го претстави новиот автомобил „ Hyundai i30 TCR " со кој ќе се натпреварува во ТЦР европската серија.

објавено: 24 април 2018 - 18:00

Најуспешниот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе го претстави новиот автомобил „ Hyundai i30 TCR " со кој ќе се натпреварува во ТЦР европската серија.

„Оваа сезона ќе се натпреваруваме на најсилното натпреварување во Европа - ТЦР шампионатот. Со новиот автомобил кој ги има перформансите за пехар, ќе дадам се од себе со мојот тим уште неколку пати да го развиеме македонското знаме на патеките. Ова ќе биде исклучително силен шампионат со натпреврувачи кои со години се дел од елитните натпреварувања. Ќе видиме силна борба за бодови, а ќе се обидеме да дојдеме и до некое од првите три места" - вели Стефановски.

ТЦР серијата почнува на 5 мај со трката во Ле Кастелет, Франција. На програмата се седум трки.

Најново во Авто-мото