СТЕФАНОВСКИ ПОДГОТВЕН ЗА ГОЛЕМ БЕЛГИСКИ ВИКЕНД

Иџе тргна по победа во Цолдер

Делот од тимот на Игор Стефановски-Иџе веќе се упати кон Белгија, каде што овој викенд македонскиот автомобилист ќе се бори за победа во претпоследната трка од ЕТЦЦ шампионатот

објавено: 11 септември 2017 - 17:41

Ситуацијата во генерален пласман во шампионатот е многу интересна со четири возачи со шанси за трофејот. Петр Фулин води по осум трки со 13 поени предност пред Кристјоханес Шрајбер и Норберт Наѓ, додека Стефановски има негатива од 15 поени.

Стефановски, кој победи  на легендарната Нирбургринг Норшлајфе патека со својот Сеат, е двократен европски шампион на ридски патеки и ја вози својата втора ЕТЦЦ сезона.

Најново во Авто-мото