Автомобилскиот ас има огромни шанси за победа

ИЏЕ ВЛЕГУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Македонец се бори за евро титулата

Игор Стефановски – Иџе, викендов ја вози последната трка во Чешка, на патеката Мост, со која ќе се заокружи ФИА ЕТЦЦ шампионатот за оваа година. Автомобилскиот ас има огромни шанси за победа и освојување на шампионатот.

објавено: 6 октомври 2017 - 12:45

Игор Стефановски – Иџе, викендов ја вози последната трка во Чешка, на патеката Мост, со која ќе се заокружи ФИА ЕТЦЦ шампионатот за оваа година. Автомобилскиот ас има огромни шанси за победа и освојување на шампионатот.

„Убеден сум во освојувањето на титулата. Ветувам дека заедно со мојот тим уште еднаш ќе дадеме сè од себе. Патеката Мост е непозната за мене, но, досега веќе докажав дека можам да ги совладам и непознатите патеки. Сите мисли ми се фокусирани на мојот последен настап. Во Чешка одам на победа“

Иџе претходно оствари фантастичен успех , откако со победата на втората трка во Белгија, ги задржа шансите за триумф во генералниот пласман. „ Летечкиот Македонец " моментно се наоѓа на четвртата позиција со 55 бода, зад Петр Фулин со 63, Шрајбер со 57 и Наѓ со 56 бода.
Трките во Чешка се закажани за 8. октомври, првата трка ќе се вози во 10:50, а втората во 12:30 часот.

 

Најново во Авто-мото