МАКЕДОНСКИОТ ВОЗАЧ ЌЕ ТЕСТИРА ВО ТЦР НАТПРЕВАРУВАЊЕТО

Италијански предизвик за Вуков

„Ќе заминам во Италија, каде ќе имам можност на познатата патека „Аdria raceway" близу Венеција да тестирам ТЦР возила", вели тој

објавено: 8 октомври 2017 - 17:59

Македонскиот возач Ристо Вуков следниот викенд ќе патува во Италија, каде ќе има можност да тестира ТРЦ возила. Вуков ќе ги направи првите тестови во најсилната категорија (ТРЦ), а ќе има можност да вози некое од овие возила: Голф 7, Сеат Леон, или Ауди РС3. Тестовите се закажани за 15 и 16 октомври.

„Ќе заминам во Италија, каде ќе имам можност на познатата патека „Аdria raceway" близу Венеција да тестирам ТЦР возила. Најверојатно ќе возам Голф, бидејќи после Хондата, е најконкурентен. Со мене ќе има и инжинер, инструктор, како и дел од мојот тим, со кој ќе почнеме да се запознаваме со новата индустрија ТЦР и со тоа да ги испланираме нашите идни планови", вели Вуков, кој уште од шестгодишна возраст се „заразил" со трките и возел картинг. Два пати бил шампион на југоисточна европска зона.

Младиот 22-годишен возач, од 2015 година се натпреварува во класата „Југо Хибрид" во Србија. Иако конкуренцијата е многу голема (20-25 натпреарувачи), тој речиси секогаш е меѓу најбрзите петмина. Според плановите на популарнот Рико, тој и во следната сезона ќе се натпреварува во оваа класа во Србија, а целта му е да се бори за титулата.

Од 2019 година, Вуков треба да се приклучи во ТЦР категоријата, каде од следната сезона ќе вози македонскиот возач Виктор Давидовски.

Најново во Авто-мото