ИЗЛЕТУВАЊЕ КОЕ НЕ БЕШЕ ПРИКАЖАНО ВО ПРЕНОСОТ

Како „леташе“ Исакјан на патеката Спа (Видео)

За среќа, автомобилистот мина без посериозни повреди

објавено: 10 мај 2018 - 17:00

Младиот руски автомобилист, Матевос Исакјан, имаше многу среќа што мина без тешки повреди после спектакуларното излетување на трката „6 часа Спа“, возена на легендарната патека во Белгија. Победник на трката беше Фернандо Алонсо, а инцидентот кој му се случи на Исакјан, не беше прикажан во телевизискиот пренос. Сепак, еден навивач го сними инцидентот во кој возачот на СМП Рејсинг, го загуби контактот со асфалтот и буквално одлета во заштитната ограда.

 

Несреќата изгледаше многу страшно во прв момент, но Исакјан е добар. Организаторите на овие трки за најиздржливите, загрижени се поради се почестите несреќи, а допрв атреба да се вози најнапорната, 2 часа Ле Ман.

Најново во Авто-мото