МАКЕДОНЕЦОТ ИМА ШАНСИ ЗА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„Летечкиот“ Иџе најавува: Во Чешка одам на победа

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе викендов во Чешка ја вози последната трка од оваа сезона во ЕТЦЦ шампионатот. 

објавено: 3 октомври 2017 - 13:54

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе викендов во Чешка ја вози последната трка од оваа сезона во ЕТЦЦ шампионатот. Стефановски има шанси за освојување на трофејот, тој се наоѓа на четвртото место (55 бода) во генералниот пласман, на осум бодови зад лидерот Петр Фулин. Пред него уште се Норберт Наѓи со 56 и Кристјоханес Шрајбер со 57 бода.

„Убеден сум во освојувањето на титулата и ветувам дека заедно со мојот тим уште еднаш ќе дадеме се од себе. Патеката Мост е непозната за мене, но и досега докажував дека можам да ги совладам и непознатите патеки. Фокусиран сум на мојот последен настап, и во Чешка одам на победа. Воедно сакам да се заблагодарам на АМС за поддршката што ми ја даваат на мене и на мојот тим која резултира со успех“, изјави автомобилискиот ас.

Трката во Чешка на патеката „Мост" се вози на 8 октомври.

Најново во Авто-мото