ОТКАКО СУДИИТЕ РЕШИЈА ДЕКА Е ВИНОВЕН ЗА ИНЦИДЕНТОТ

ШТЕТА: Иџе ги загуби шансите за титулата

На првата трка во Чешка, Стефановски заврши на осмото место и сега нема ни теоретски шанси да стигне до тронот во ЕТТЦ шампионатот

објавено: 8 октомври 2017 - 11:35

Игор Стефановски Иџе и дефинитивно ги загуби шансите за освојување на титулата во ЕТТЦ шампионатот, откако на првата трка во Чешка, заврши на осмото место. Стефановски имаше инцидент, а потоа беше оценето дека тој е предизвикувач на сударот, па затоа мораше да оди под казна во боксот. 

Клучниот момент беше во седмиот круг, кога Иџе од третото место тргна да претекнува. Успеа да избие на првото место, но при претекнувањето, го закачи Фулин. Судиите решија дека Иџе го предизвикал сударот и мораше да оди во боксот. 

Со таквиот расплет, Иџе и дефинитивно ги загуби шансите за висок пласман на трката, на која славеше Бугаринот Пламен Кралев, пред Наѓ од Унгарија и Фулин од Чешка. Иџе заостана дури 25 секунди зад победникот. 

Во пресрет на втората трка, Иџе сега она недостижни 13 бодови зад лидерот во генералниот пласман. 

Најново во Авто-мото