Автомобилистичката федерација со официјално соопштение:

Трката е организирана надвор од сите правила, се оградуваме од одговорност

Од федерацијата нагласуваат дека тие не се организатори на трката, туку лица кои не се членови на федерацијата, и истата е организирана надвор од сите правила.

објавено: 23 октомври 2017 - 12:15

Автомобилистичката федерација на Македонија преку официјално соопштение се огради од секаква одговорност за големиот инцидент кој се случи денеска за време на кружната автомобилистичка трка „Скопје круг 2017".

Од федерацијата нагласуваат дека тие не се организатори на трката, туку лица кои не се членови на федерацијата, и истата е организирана надвор од сите правила.

„Автомобилистичка федерација на Македонија (АФМ) изразува длабока жалост за учесниците во денешниот инцидент кој се случи на кружната трка во Скопје и се оградува од секаква одговорност за настанатиот инцидент на трката бидејќи трката беше организирана од лица кои не се членови на Федерацијата , спротивно на сите правила на Федерацијата и очигледно без задолжителни безбедносни мерки за организирање на вакви натпревари. Федерацијата укажа на сите органи кои ја подржаа вака организираната трка, вклучително и Агенцијата за млади и спорт и Министерството за внатрешни работи, кои навремено беа известени дека трката се организира спротивно на правилата на АФМ и без никакви безбедносни мерки. Очекуваме во иднина, Агенцијата за млади и спорт и сите останати државни органи, да не дозволат како што дозволија овој пат да се организираат натпревари од неовластени организатори, спротивно на правилата на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) чија членка е АФМ" – се вели во официјалното соопштение од Автомобилистичката федерација на Македонија.

Најново во Авто-мото