НА ВОНРЕДНОТО СОБРАНИЕ НА АФМ

ВИКТОР ДАВИДОВСКИ е новиот претседател, макар и како вршител на должноста

Иницијативниот одбор за промени во Автомобилистичката федерација на Македонија на одвоена седница на Собранието го собра мнозинството клубови кои имаат решение за дејност бавење со спорт, по што беа именувани нови лица на раководните функции, како и во Управниот одбор.

објавено: 18 февруари 2018 - 18:05

Оваа седница на собранието претходеше по согласноста на Агенцијата за млади и спорт да застане на страна на деветте клуба кои се надвор од федерацијата и не можат да се вклучат во системот на натпревари, додека во АФМ постоеја шест клуба кои немаа возачи и активности на домашен план, поради што авто-спортот беше во своевидно замирање.

Од минатата година, АФМ го прими АКК Стефановски, тимот на Игор Стефановски – Иџе, кој се формираше наменски за неговите настапи во Европскиот туринг куп за автомобили, со што бројот на клубови во АФМ беше зголемен на седум.
Деветте клуба кои го свикаа денешното собрание покажаа голема сплотеност и желба за надминување на состојбата.

Седницата на Собранието траеше 34 минути, при што речиси сите одлуки беа донесени едногласно, со 9 гласа „за". На собранието присуствуваше и претставник од Агенцијата за млади и спорт.

Кандидат за претседател беше Д-р Кристијан Дума, кој присуствуваше на седницата и се заблагодари на укажаната чест, но поради најавени нови ангажмани одлучи да се повлече.

Во оваа ситуација, како вршител на должноста Претседател на АФМ беше предложен Виктор Давидовски, до именување на нов кој ќе биде долгорочно решение и ќе помогне авто спортот да се врати на славните патеки.
Нов генерален секретар е Александар Димушевски – Вуле, поранешен возач и организатор на најголемиот број трки во блиското минато.

Во Управниот одбор се именувани претставници од сите клубови.
Клубовите кои до сега беа во АФМ не се појавија на оваа седница на Вонредното собрание организирано од Инцијативниот одбор, што фрла дамка на понудената рака за единство меѓу сите клубови.

Најново во Авто-мото