ПО САМО ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ОД НЕГОВОТО ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД Ф1

Алонсо го тестира Мекларен

Алонсо го помина викендот во седиштето на тимот во Вокинг, тестирајќи заедно со новите возачи Карлос Саинс и Лендо Норис.

објавено: 10 февруари 2019 - 17:00

Фернандо Алонсо викендов го тестираше болидот на Мекларен во пресрет на новата сезона, само четири месеци откако најави дека се повлекува од настап во Формула 1.

Алонсо во предсезонското тестирање работи заедно со новите возачи на Мекларен, Карлос Саинс и Ландо Норис.

Шефот на Мекларен Зак Браун, најави дека Алонсо ќе му помогне на тимот во зимското тестирање, но тоа е доволен мотив за да се подгреат надежите дека двократниот светски првак одново може да го видиме во Ф1.

Шпанецот е во трка по тројната круна и му е потребна победа на Индианаполис 500 за да стане вториот возач по Грахам Хил на кој му успеало тоа.

Најново во Авто-мото