ШПАНЕЦОТ ГО САКА ПОЛЈАКОТ НАЗАД ВО Ф1

Алонсо: Кубица е најдобриот во генерацијата

Фернандо Алонсо објаснува зошто смета дека Роберт Кубица е најдобриот возач на својата генерација и едвај чека да го пречека назад во Формула 1

објавено: 2 јули 2017 - 22:30

Алонсо го поздрави кам-бекот на Полјакот на приватниот тест со Рено минатиот месец. Алонсо е долго време пријател со Кубица, познавајќи се со него од времето на картинг-трките.

„Мислам дека имам такво чувство бидејќи тој победуваше во сите помали категории. Кога возеше со иста машинерија како другите, секогаш ја победуваше генерацијата која сега е на врвот. Затоа мислам дека е најдобриот. Би сакал да го видам назад во Формула 1, но не знам каква е точно ситуацијата. Понекогаш разговараме, но не толку често колку би сакал“, вели Алонсо.

Најново во Авто-мото