МЕКЛАРЕН МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ СВОЈАТА ЅВЕЗДА

Алонсо може да го загуби трпението

Фернандо Алонсо на крајот ќе го загуби трпението со Мекларен-Хонда, смета поранешниот долгогодишен менаџер на тимот, Џо Рамирез

објавено: 20 март 2017 - 20:00

Мексиканецот вели дека по новата катастрофа на тестирањето во Барселона, Мекларен го очекува нова мизерна сезона.

„Би сакал да сум поголем оптимист и можеби ќе направат нешто. Во првите три-четири трки ќе имаат големи проблеми. Алонсо покажува дека има многу големо трпение. Вистината е дека неговиот однос е за почит, но сè има своја граница. Во еден момент, тој ќе го загуби трпението“, вели Рамирез.

Најново во Авто-мото