И ШПАНЕЦОТ СЕ ВКЛУЧИ ВО ДИСКУСИЈАТА

Алонсо: Не сме виделе многу вакви потези

И возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо има свое мислење за „моментот на лудило" на Себастијан Фетел во Баку, оценувајќи дека „работата е завршена"

објавено: 28 јуни 2017 - 22:00

Фетел реагираше на успорувањето на Луис Хамилтон со тоа што застана до него и сврте кон неговиот болид во моментите кога безбедносното возило беше зад нив. Тој доби казна од 10 секунди за инцидентот, а ФИА најави дека може да следува и дополнителна казна.

Алонсо смета дека работата е завршена.

„Навистина нешто ново! Да кажеме така. Не гледаме многу такви потези во Формула 1. Но, на крајот, тој ја плати казната и тоа е завршено“, вели Алонсо.

Најново во Авто-мото