„ИГРИ“ ОКОЛУ ИДНИНАТА НА ДВОКРАТНИОТ ШАМПИОН

Алонсо нема да брза за одлука

Фернандо Алонсо открива дека неговите планови за иднината може да не се познати до декември во обид да се разгледаат сите опции за 2018

објавено: 19 август 2017 - 13:58

На Шпанецот му завршува тригодишниот договор со Мекларен-Хонда на крајот на сезоната и претходно најавуваше дека летната пауза ќе ја искористи за одлука посочувајќи дека ако Мекларен му понудат добар болид може да остане. Сега, тоа се смени.

„Формула 1 останува мојот приоритет, бидејќи тоа е мојот живот, а сонот е да се освои светска титула. Ако нема некој проект кој ќе ми дозволи да се борам за победи, ќе гледам надвор од Ф1, но тоа е одлука која ќе ја направам во ноември-декември. Претходно ќе ги испитам сите други опции“, вели Алонсо.

Најново во Авто-мото