Мик Шумахер неодамна призна дека понекогаш е тешко да се биде син на еден легендарен возач како што е неговиот тако Михаел.
Со тоа се согласи и Фернандо Алонсо, кој морача да тој мора прво да научи да оди, а потоа да трча.
„Со оглед на товарот што го носи поради неговото презиме во историјата на Формула 1, тој прво ќе мора да научи да оди, а потоа да трча“, реше Шпанецот, а потоа продолжи.
„Знам дека тоа е тешко, но нема друго. Шумахер возеше 43 години. Ако се чувствуваш силно, годините не се важни. Целата работа е дали другите се подобри од тебе, тоа може да се случи на 25 или пак на 48 години“.
Синот на седумкратниот шампион на Формула 1 минатата сезона ја освои титулата во европската Формула 3. Тој има право на настап во Формула 1, но 19-годишниот Мик се одлучи прво да се тестира во Формула 2.