ПО СЛАБИОТ ПОЧЕТОК НА СЕЗОНАТА

Ауди го купува Ред бул? Засега само шпекулација!

објавено: 4 април 2015 - 19:32

Советникот на тимот на Ред бул, Хелмут Марко ги отфрли шпекулациите за можното продавање на тимот на тимот на Ауди во блиска иднина, и покрај тоа што тимот сезонава „доста заостанува“ во однос на Мерцедес.

По разочарувачките перформанси на почетокот на сезоната, Марко изјави дека е можно Ред бул да се откаже доколку нешто не се смени во спортот. Ауди и Рено се поврзуваат во иднина да имаат фабрички тимови, Ред бул и Торо росо беа први на листата како тимови кои би можеле да бидат купени од автомобилскиот гигант Ауди.

Во интервју, Марко ја отфрли шпекулацијата за можно купување на Ред бул од страна на Ауди, и нема да биде можно да се смени снабдувачот на мотори најмалку до 2017 година.Но, очигледно е дека моторот на Рено сезонава нема доволно сила да се носи со тој на Мерцедес, па и на Ферари.

Според Австриецот, во иднина тешко ќе може да се стигне Мерцедес се додека нема некоја промена во правилата поради многуте ограничувања.
Тој потврди и дека засега тимот не е расположен самиот да развива мотори, бидејќи во основа тие се тркачки тим што работи на болидот, и дека за нов мотор би требало да се види какви ќе бидат правилата за 2017 година.

Сезонава целта на Ред бул е да биде третопласиран, а Торо Росо на петтото место. Тоа би било одлично за тимот, но можеби не од медумска гледна точка.

Најново во Авто-мото