ОЧЕКУВАНА ОДЛУКА НА МЕКЛАРЕН

Батон ќе го замени Алонсо во Монако

Поранешниот светски шампион Џенсон Батон ќе го замени Фернандо Алонсо во тимот на Мекларен за Монако ГП трката, кога Шпанецот ќе вози на Инди 500, потврдија од англискиот тим

објавено: 14 април 2017 - 12:17

Алонсо наместо на гламурозната Ф1 трка на 28 мај ќе биде на американската класика Индијанаполис 500 со поддршка на Мекларен и Хонда. Батон се пензионираше минатата година, по што зимата ја помина во Калифорнија подготвувајќи се за „Ајронмен“ триатлоните, негова стара страст.

„Пресреќен сум што ќе имам ваков кам-бек. Не можам да помислам за подобро место за враќање од мојата втора домашна трка во Монако“, вели Батон.

Англичанецот, кој беше светски шампион во 2009 со тимот на Браун, минатата есен потпиша договор со Мекларен, со кој тимот има опција да го ангажира како возач во 2018.

Најново во Авто-мото