ЕКЛСТОУН СО ПРВО ИНТЕРВЈУ ОД ЗАМИНУВАЊЕТО

Берни би останал уште една година

Берни Еклстоун вели дека не е разочаран од новите сопственици на Формула 1, но признава дека би сакал да остане на чело на спортот барем уште една година

објавено: 17 март 2017 - 22:00

Во првото интервју откако во јануари беше сменет од позицијата шеф на Формула 1 по преземањето на спортот од американската „Либерти медија“, Еклстоун вели дека ги разбира мотивите на Американците.

„Тие го купија автомобилот, и нормално сакаа да го возат. Воопшто не сум разочаран бидејќи знам како функционира светот. Дали би ја направил истата промена да сум на нивно место? Најверојатно не. Би побарал од нив да работат со мене уште малку, би почекал уште една година па потоа би одлучил. Но, различни луѓе, различно ги вршат работите. Мислам дека ова е американскиот начин“, вели Еклстоун.

Тој додава дека нема вистина во шпекулациите дека бизнисот во Ф1 стагнирал во последните неколку години.

„Мислам дека луѓето ја заматија ситуацијата. Некој мислеше дека јас не сум вршел добра работа во последните три години. Јас мислам дека го правев тоа, ЦВЦ мислеа така, успеав да донесам 1.5 милијарди долари годишно и нивните акции вредеа многу. Да работев лошо акциите ќе беа доста поевтини“, вели Еклстоун, кој посочи дека ќе патува на неколку трки оваа година.

Најново во Авто-мото