КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СПОРТОТ

Берни Еклстоун веќе не е шеф на Формула 1

Берни Еклстоун е отпуштен од позицијата генерален директор на Формула 1 по преземањето на спортот од страна на американската компанија „Либерти медија"

објавено: 23 јануари 2017 - 20:40

Иако официјална потврда се уште нема, германскиот угледен „Ауто мотор унд спорт“ известува дека самиот 86-годишен Еклстоун ја потврди веста во изјава за нивната публикација. Ова е очекуван и логичен епилог, откако по преземањето на спортот од новите американски сопственици се зборуваше за „нова визија“.

Еклстоун повеќе од четири децении е на чело на Ф1, кревајќи го спортот од аматерска тркачка серија до мултимилијардерски бизнис за елитата. Британецот ја потврди веста од својата канцеларија во Принцес гејт во Лондон.

„Веќе не ја водам комапнијата. Едноставно сум заминат. Денеска бев симнат од позицијата, која ја презема Чејс Кери“, изјави Еклстоун.

Тој ја отфрли можноста ја прифати позицијата „почесен претседател“, бидејќи тоа не значи ништо.

„Мојата нова позиција е еден од оние американски изрази. Почесен претседател. Ја имам оваа титула без да знам што навистина значи“, вели Еклстоун.

Најново во Авто-мото