НЕКОГАШНИОТ ШЕФ ВО ФОРУЛА 1 Е УБЕДЕН

БЕРНИ ПРЕДУПРЕДУВА: Ако Ферари не може да победи, ќе се повлече од Ф1?!

Еклстон знае со кого си има работа...

објавено: 7 ноември 2017 - 21:00

Промените кај моторите најавени за следната сезона, не се по воља на водството на Ферари.

Од славниот клуб од Маранело веќе порачаа дека нема да ги прифатат тие работи најавени да стапат на сила од 2021 година.
Шефот на „црното коњче", Серџо Маркјоне изјави дека најпознатиот тим во Формула 1 нема да учествува во натпреварувањето ако околностите не се поволни за нив.
Ништо ново од Ферари, затоа што и порано имаа испратено вакви закани, и дека токму поради тоа, според Берни Еклстон, таа нивна најава не треба да се сфати како „здраво за готово"...

„Ако не можат да победат, ќе предложат нови прописти. Во случај да помислат дека новите правила не може да ги подржат со пари, и дека ќе им биде многу тешко да дојдат до победа, тогаш ќе си заминат" - рече некогашниот шеф на Ф1 циркусот.

Најавите се дека многу брзо шефовите на тимовите од Формула 1 ќе одржат состанок на кој ќе се дискутира за иднината на овој спорт, како и да ги претстават буџетските ограничувања.

Најново во Авто-мото