Ф1 БЕШЕ РЕСТОРАН СО ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ

Берни се плаши дека новите сопственици ќе го „избришат од историјата“

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун вели дека новите американски сопственици на Ф1, „Либерти медија" сакаат да го исфрлат од историјата на спортот

објавено: 19 март 2017 - 19:05

Кога Либерти го комплетираше откупот се најави дека Еклстоун, кој беше во контрола на спортот 40 години, ќе добие уште три години на чело на тимот, но потоа беше објаснето дека тој ќе добие позиција на „доживотен претседател“. Неговата работа беше заменет со тројца луѓе - Рос Браун (одговорен за спортските правила), Шон Бречис (одговорен за комерцијалната страна) и новиот шеф Чејс Кери.

„Не можам да направам ништо. Дури и на луѓето кои работеа за мене им кажаа да не зборуваат со мене. Сакаат да се ослободат од ерата на Берни, од историјата“, вели Еклстоун во интервју за „Мејл он сандеј“.

Тој повторно го бранеше начинот на кој го водеше спортот, велејќи дека ги третирал сите елементи како ресторан со пет ѕвездички на Мишелин.

„Јас гледам на работите на поинакво начин. Секој сака да оди во ресторан во кој не може да најде место. Затоа бев многу стриктен со тоа кој може да влезе во боксот. Нивната филозофија е поотворена, поамериканска - сите да влезат во боксот и да зборуваат со возачите. Во Формула 1 ние водевме ресторан со пет ѕвездички на Мишелин, не штанд за хамбургери. Сега јадењето ќе биде подостапно. Можеби и вкусот ќе биде подобар“, додава Еклстоун.

Најново во Авто-мото