СЕ РАСКИНУВА СО ТРАДИЦИЈАТА НА РОН ДЕНИС

Болидите на Мекларен веќе нема да се „МП4“!

Болидот на Мекларен за 2017 година ќе биде „раскин" со минатото и со ерата на поранешниот шеф Рон Денис, откако нема да го има префиксот МП4, со кој се краси од 1981 година

објавено: 3 февруари 2017 - 17:30

Префиксот МП4 е кратенка за „Проект четири“, тимот кој го основа Денис во 1976 година и кој се спои со Мекларен во 1980 година. Денис беше избркан од позицијата шеф на тимот од акционерите во ноември, и на негово место дојде Американецот Зек Браун.

„2017 е година на промени, и името на нашиот болид се менува исто така“, објавија Мекларен на Твитер.

Новиот болид за 2017, кој требаше да биде МП4-32 болид, сега ќе биде наречем МЦЛ32. Тој ќе биде промовиран во седиштето во Вокинг, Британија на 24 февруари.

Промените во Формула 1 не се ограничени на Мекларен. Американската компанија „Либерти медија“ е новиот сопственик на спортот, по што Американецот Чејс Кери го смени Берни Еклстоун како извршен директор. На патеката, болидите ќе имаат далеку пошироки гуми и поаеродинамични болиди кои ќе бидат побрзи за 3-4 секунди по круг.

Најново во Авто-мото