Летечкиот Финец најбрз во квалификациите

Ботас ја има пол-позицијата за ГН на Австрија

Финецот Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија, откако денеска беше најбрз во квалификациите

објавено: 8 јули 2017 - 17:00

Финецот Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија, откако денеска беше најбрз во квалификациите. Членот на Мерцедес беше импресивен, а дополнително му се погоди излетувањето на Роман Грожан од патеката пред самиот крај на квалификациите, поради што со појавувањето на жолтите знамиња ривалите немаа можност да го загрозат неговото прво место.

Веднаш до него ор првиот ред утре ќе стартува Себастијан Фетел, а иако денеска беше трет Луис Хамилтон утрешната трка ќе ја стартува од позицијата број 8. Британецот е казнет со пет места поради проблемите со болидот и менувањето на уредот за менување на брзини во пресрет на оваа трка.

Зад Ботас и Фетел ќе стартуваат Раиконен и Рикиардо, а пред Хамилтон уште ќе се најдат и Ферстапен, Грожан и Перез.

Најново во Авто-мото