ИАКО ВО МЕРЦЕДЕС НЕМА ВОЗАЧ БРОЈ 1 И ВОЗАЧ БРОЈ 2

Ботас: Мојата „мисија“ беше да го блокирам Фетел

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас призна дека си направил „лична мисија" да го успори Себастијан Фетел на Шпанското ГП

објавено: 17 мај 2017 - 21:00

Фетел се пожали на фактот што загуби многу време зад Финецот, по што неговиот колега Луис Хамилтон го претекна за втора победа во 2017 година на Шпанското ГП. Ботас се мачеше со брзината по инцидентот во првиот круг со Кими Раиконен и Макс Ферстапен, по што го крена нивото пред неговиот мотор да откаже.

„Правев сè што можам да го заддржам Себастијан зад мене и да помогнам тој да загуби време. Тоа е работата. Тоа беше моја работа и моја мисија во тој момент. Но, разликата во брзината беше преголема и тој ме помина. Но, мислам дека помогнав на тимот да стигне до победа. Ќе беше подобро и јас да ја завршев трката“, вели Финецот.

Најново во Авто-мото