Ботас постави нов рекорд во Барселона

Новиот возач на Мерцедес, Валтери Ботас постави нов рекорд на патеката во Барселона на вториот ден од вториот зимски тест, поставувајќи 1:19.310 при крајот на утринската сесија

објавено: 8 март 2017 - 19:00

Ова е подобрување на неговото најдобро време поставено минатата недела за повеќе од четвртина секунда користејќи ги „супер-меките“ гуми на Пирели и три секунди побрзо од најдобрите времиња на тестирања во 2016. Финецот очигледно се уклопува добро во новиот тим, со комплетирани 70 круга во утринската сесија.

Фелипе Маса повторно импресионираше за Вилијамс, откако со моторот на Мерцедес стигнаа до 1:19.420 круг. Кими Раиконен беше најбрз за Ферари пред Макс Ферстапен во Ред Бул, но имаше незгоден финиш на сесијата, откако се удри во бариерите на третата кривина уништувајќи го болидот.

Ферстапен пак, немаше најдобар ден, откако прво го менуваше моторот на РБ13 болидот, а потоа застана на патеката. Ред Бул, сепак, комплетираа 100 кругови во еден ден првпат оваа година.

Мекларен повторно имаа проблеми - Фернандо Алонсо комплетираше само 46 круга, и беше последен 12-ти во генерален пласман, откако во еден дел од сесијата четири часа не се појави на патеката. Од тимот демантираа дека смениле нов мотор на Хонда.

БАРСЕЛОНА, 6.ДЕН

1.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:19.310, 70 круга

2.Фелипе Маса (Вилијамс) 1:19.420, 63 круга

3.Кими Раиконен (Ферари) 1:20.406, 53 круга

4.Макс Ферстапен (Ред Бул) 1:20.432, 102 круга

5.Ленс Строл (Вилијамс) 1:20.579, 59 круга

6.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:20.702, 79 круга

7.Нико Хулкенберг (Рено) 1:21.213, 61 круга

8.Серхио Перез (Форс Индија) 1:21.297, 100 круга

9.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 1:21.872, 92 круга

10.Роман Грожан (Хас) 1:21.887, 96 круга

11.Паскал Верлајн (Заубер) 1:23.000, 59 круга

12.Фернандо Алонсо (Мекларен) 1:23.041, 46 круга

13.Маркус Ериксон (Заубер) 1:23.384, 46 круга

14.Џолион Палмер (Рено) 1:24.774, 29 круга

 

Најново во Авто-мото