НОВИОТ ВОЗАЧ НА МЕРЦЕДЕС СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ

Ботас сигурен дека ќе се сложува со Хамилтон

Валтери Ботас вели дека ќе може да работи со новиот колега во Ф1, Луис Хамилтон оваа година, откако конечно потпиша за Мерцедес

објавено: 16 јануари 2017 - 17:30

Зборувајќи со членовите на тимот во фабриката во Брекли, Британија, Ботас објасни дека ќе биде добро да има конкурентен колега како трикратниот светски шампион Хамилтон, но дека двојката ќе се сложува добро за да му помогне на тимот.

„Ова ќе биде мојата најголема сезона во Ф1. Имам девет подиуми со Вилијамс во четири години, но ми недостасува првата победа и тоа е првата цел. Потоа ќе видиме. Со Луис ќе бидеме силна двојка, бидејќи навистина го почитувам како возач и личност. Сите знаеме колку тој е брз и тоа ќе биде добар репер за мене. Мислам дека ќе работиме заедно да му помогнеме на тимот. Двајцата имаме искуство, сакаме да одиме до максимум“, вели Ботас.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф добро го познава Финецот, бидејќи е вклучен во негово менаџирање и вели дека тој е исправен избор на тимот.

„Едно нешто е сигурно, Валтери ќе го даде својот максимум. Имаме доверба во неговата способност. Следните недели ќе бидат напорни бидејќи Валтери ќе треба да го разбере тимот и болидот. Но, тоа е возбудлив предизвик за сите“, вели Волф.

Најново во Авто-мото