ПОТВРДА ОД ФИА

Ботас тргнал навреме, во границите на дозволеното

Автомобилската федерација потврди дека возачот на Мерцедес не ги прекршил правилата при стартот на трката за големата награда на Австрија.

објавено: 10 јули 2017 - 13:15

Финскиот возач Валтери Ботас тргна од првата позиција на трката за ГН на Австрија, и на крајот го освои првото место пред неговиот германски колега од Ферари, Себастијан Фетел.

Но уште на самиот почеток, неколкукратниот Формула 1 шампион сигнализираше дека Ботас тргнал прерано.
По завршувањето на трката дури беше анализиран тој спорен момент, по кој ФИА го ослободи Финецот од било каков сомнеж, објаснувајќи дека секое негово движење пред стартот било во границите на дозволеното.
Компјутерските системи на Формула 1 детектирале дека Финецот тргнал со 0.201 секунди после гаснењето на светлата, и дека се што направил било регуларно.


За една ваква конфузија придонесоа и ТВ снимките на кои е прикажано како Ботас ги мрдна предните пневматици додека светлата се сеуште упалени.

„Валтери Ботас не го пречекори она навистина мал лимит кој е дозволен. Поедноставно речено направи една исклучително точна одлука и со голема прецизност предвиде кога же се изгаснат светлата. Секое поместување пред истите да се изгаснат е дозволемно и се толерира" - рекоа луѓето од ФИА.

Најново во Авто-мото