ФОРМУЛА 1 ДЕФИНИТИВНО ВО НОВ ПРАВЕЦ

Браун: Не можев да работам со Еклстоун

Новиот директор на Формула 1, Рос Браун вели дека не би можел да работи со Берни Еклстоун, но демантира дека тој барал неговиот британски сонародник да се „отстрани"

објавено: 21 април 2017 - 15:15

Браун дојде во Ф1 откако новите американски сопственици „Либерти медија“ решија да го постават него, генералниот директор на спортот, Чејс Кери и комерцијалниот шеф Шон Бречис како одговорни за промените во спортот.

Како дел од поставувањето на новата структура, Еклстоун ја предаде контролата на спортот кој беше „негов“ последните 40 години, и 86-годишниот Британец призна дека нема улога во новиот менаџмент. Браун, кој е поранешен технички шеф на Ферари, Браун ГП и Мерцедес, почна да работи како консултант за „Либерти“ пред да ја преземе новата улога.

„Не поставував услови. Да, не можев да работам со Берни, но никогаш не поставив услови. Ќе беше многу забавно да се работи со Берни, но тој ги има водено работите на свој начин и не знам како ќе одевме напред. Јас сакам да имам долгорочен план пред мене, додека тој не сака планови“, вели Браун.

Најново во Авто-мото