И ПОКРАЈ ЖЕЛБАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИ

Браун: Не смееме да ја направиме Ф1 „глупава“

Рос Браун вели дека новите сопственици на Формула 1, „Либерти медија" немаат намера да го „заглупат" спортот и да ги „поткопаат" најсилните тимови и покрај желбата да се намалат трошоците

објавено: 20 јуни 2017 - 22:15

„Либерти“ го комплетираше преземањето на Ф1 во јануари и веднаш најави дека сака по-фер распределба на средствата кога ќе заврши Конкорд договорот во 2020. Браун беше донесен како спортски шеф на спортот, и вели дека прераспределбата ќе се прави за да се помогне да има подобро тркање, но дека тоа не смее да биде на штета на сегашните тимови.

„Тоа е кружен процес. Да се зборува за пребројување на тимовите е тешко ако не ги претставите двете страни. Фер е да се каже дека нема тим во спортот кој не би сакал помали трошоци. Но, не сакаме да направиме глупава Формула 1. Ова мора да биде крајната цел на тимовите. Не сакаме сите тимови да бидат исти, но сепак треба да ги имаме Ферари, Мерцедес, Ред Бул... Тимовите кои треба да се победат. Никој не сака доминација“, вели Браун.

Најново во Авто-мото