ИТАЛИЈАНЕЦОТ СИГУРЕН ДЕКА НЕМА ДА ИМА ТРАНСФЕР

Бриаторе: Алонсо сигурно не оди во Мерцедес

Менаџерот и долгогодишниот соработник на Фернандо Алонсо, Флавио Бриаторе вели дека Шпанецот не си заминува од Мекларен за да го замени Нико Розберг во ривалите Мерцедес

објавено: 9 декември 2016 - 19:00

Претходно, шефот на Мерцедес, Тото Волф посочи дека мора да биде заинтересиран со Алонсо, иако тој е под договор со Мекларен за 2016. Бриаторе, кој му беше шеф на Алонсо додека тој беше во Рено и со него освои две светски титули ја отфрла можноста.

„Зошто секогаш кога ќе се ослободи место сите го споменуваат Фернандо? Тој има договор и ќе ги испочитува тоа. Ситуацијата во Ферари беше поинаква, бидејќи таму и покрај договорот, Фернандо имаше усно разбирање со Лука ди Монтеѕемоло, кој го исполни ветеното и го пушти да оди во Мекларен“, вели Бриаторе.

Најново во Авто-мото