НОВИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА СПОРТОТ ИМААТ ИЗБОР

Четири американски градови заинтересирани за Ф1

Во плановите на новите сопственици на Ф1 има втора, трета, а можеби и четврта трка во САД, откако шефот Чејс Кери призна дека четири града покажале интерес за приклучување на календарот

објавено: 19 август 2017 - 11:00

Додека Европа има седум трки во Ф1 (кои ќе станат девет во 2018 со додавање на Германија и Франција), Северна Америка има само три трки - Монтреал, Тексас и Мексико Сити, и само една во САД. По купувањето на Ф1 од страна на американската компанија „Либерти медија“, постојано се зборува за зголемување на бројот на трки во САД, идеја која им одговара и на тимовите.

„Традиционално, би сакале да имаме четири трки - Њујорк, Мајами, Лос Анџелес и Лас Вегас. Имаме интерес од сите четири градови, но нема да играме игра со наддавање.  Сакаме вистинска платформа за ширење на Формула 1“, вели Кери.

Најново во Авто-мото