ФОРМУЛА 1 ТИМОВИТЕ СЕ НЕЗАДОВОЛНИ

„Човекот од ФИА“ ќе ги предаде тајните на Рено?

Повеќе Формула 1 тимови се лути на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), по оставката на поранешниот технички шеф, Марсин Будковски и неговото наводно вработување во тимот на Рено

објавено: 29 септември 2017 - 21:20

Будковски неочекувано замина пред Малезиското ГП, откако претходно ги имаше сите информации за подобрувањата и техичкиот развој на тимовите.

Мерцедес, Ред Бул и Ферари се посебно лути за можноста ривалите од Рено да ги дознаат нивнтие развојни тајни, кои беа доставувани до ФИА за да не се косат со правилата во спортот. Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер прв отворено зборуваше дека ситуацијата е неприфатлива.

„Ќе има голем проблем доколку тој заврши во друг тим. Во тие луѓе поставуваме огромна доверба, а Марсин беше на такво место. Тој беше во привилегирана позиција - неодамна беше во воздушните тунели на сите тимови и ги гледаше деталите за развојот за 2018 година. Мислам дека ако се појави во ривалски тим ќе биде неприфатливо“, вели Хорнер.

Најново во Авто-мото