ПОВТОРНО ШПЕКУЛАЦИИ ЗА СМЕНИ ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ТИМ

Дали Булие е решението за проблемите на Ферари?

Откако италијанските медиуми објавија „криза" во Ферари, почнаа шпекулациите за промени на врвот во италијанскиот тим

објавено: 20 октомври 2016 - 16:13

Шпекулациите велат дека се зголемува јазот меѓу претседателот на тимот, Серџо Маркионе и шефот Маурицио Аривабене, и дека новиот технички директор Матија Биното е прв избор за замена на Аривабене.

Шпанскиот дневен весник „Марка“ тврди дека шефот на Мекларен, Ерик Булие би бил совршено решение за проблемите на Ферари, посебно поради неискусноста на Аривабене, кој во тимот дојде од тутунската индустрија, поточно од Марлборо.

Флавио Бриаторе, поранешниот шеф на Рено, вели дека проблемот не е во Аривабене, туку во Маркионе, кој во исто време е и генерален директор на Фиат.

„Маркионе инвестира многу, но Формула 1 е грд спорт кој ако не го знаеш ќе те изеде. Секоја година мислиме за наредната заз Ферари. Не се работи за недостаток на пари, таму се има сè“, вели Бриаторе.

Најново во Авто-мото