ЗАВРШИ ГОДИНАТА, ЈА СМЕНИ СРЕДИНАТА

ДАНИЕЛ РИКИАРДО ОТВОРЕНО: „Не ми беше гајле за Верстапен, возев за своја душа"

Го напушти „Ред Бул" и преминува во „Рено"...

објавено: 1 јануари 2019 - 21:00

Возачот на Формула 1, Даниел Рикиардо на крајот на оваа сезона одлучи да направи промена, и во наредните години ќе вози за францускиот автомобилски гигант.
Рикиардо помина пет сезони во болидот на „Ред Бул", каде постигна навистина добри резултати. Но на крајот на сезоната не доби и нов договор, по што одлучи да ја промени средината-екипата.
На крајот, потпиша договор со „Рено", кад еќе вози во наредните години и ќе се обиде да ги врати во врвот.
После заминувањето од „Ред Бул", порача дека секогаш возел „за своја душа", и дека никогаш не го интересирало што прави колегата од екипата, Макс Верстапен кој имал подобри резултати од него.

„Некаде во текот на летото, дојдов до една точка каде повеќе не ме интересираше борбата со Верстапен и возев само за своја душа. Едноставно не ми беше гајле што имам помалку бодови од него Секако дека ме погодуваше што можеби имам послаби резултат, Но не сакав да се секирам со тоа. Да бев на своето рамниште, можеби ќе бев и подобар од него. Но овака, тој е заслужено пред мене"- коментираше Рикиардо по трансферот во „Рено".

Најново во Авто-мото