МЕКЛАРЕН ПОВТОРНО ИМААТ ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ

Де ла Роса: Алонсо вози со бес во стомакот

Поранешниот Ф1-возач, Педро де ла Роса го познава Фернандо Алонсо многу добро и по првиот четиридневен тест во Шпанија имаше интересен заклучок за шпанскиот сонародник

објавено: 3 март 2017 - 16:39

Алонсо и неговиот Мекларен-Хонда тим повторно влегоа со криза во новата сезона, по проблемите со моторот на јапонскиот производител.

„Фернандо уште се мачи и вози со бес во стомакот. Во Мекларен се понервозни од очекувањата. Видов како тој мораше да работи на воланот. Болидот е нестапибел на првата и петтата кривина во Барселона и му се ’кочат’ тркалата. Не очекував толку немирен старт“, вели Де ла Роса, кој во кариерата возеше за Ероуз, Јагуар, Мекларен, Заубер и ХРТ во 104 трки.

Најново во Авто-мото