ШТО ТОЧНО Е НАЈВАЖНО ВО Ф1?

Дизајнот направен поради желбата за спонзори

Ники Лауда вели дека Мерцедес застанал зад планот на Ред Бул да се забранат крилата налик на перка од ајкула во Ф1 уште во 2017, но додава дека тимовите го сакале тоа поради своите спонзори

објавено: 18 март 2017 - 10:30

Според оценката на повеќе Ф1 фанови, токму перката заедно со „Т-крилата“ го расипуваат инаку агресивниот дизајн на новите побрзи болиди. Кристијан Хорнер неодамна објасни дека Ред Бул одамна барале забрана на овој дизајн, но дека биле надгласани поради „вообичаената параноја во Ф1“.

Но, не-извршниот директор на Мерцедес, Лауда сега вели дека причината е поинаква.

„Перката предизвика многу дискусија во стратешката група во Ф1. Но, другите тимови сакаа место за поставување на спонзорите. Затоа остана“, вели Лауда.

Најново во Авто-мото