ГОЛЕМА НАГРАДА НА ФРАНЦИЈА

Доминација на Мерцедес на првите тестирања

На првиот слободен тренинг пред ГП на Франција, одлична форма покажаа возачите на „сребрената стрела", Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои ги заземаа првите две позиции...

објавено: 22 јуни 2018 - 15:22

Ако се суди според првите кругови извозени на добро познатата патека, извесно е дека „Мерцедес" има право да се надева на одличен резултат на трката во недела попладне.

Најбрз на првите слободни тренинзи се покажа актуелниот светски првак, Луис Хамилтон.
Британецот го извозе најбрзиот круг, зад него, со незначително заостанување помина неговиот тимски колега Валтери Ботас, додека пак трет беше возачот на Ред Бул, Даниел Рикијардо.
Во „една секунда заостанување" беа само уште возачите на Ферари, Кими Раиконен беше четврти, а водечкиот во генералниот пласман, Себастијан Фетел дури петти!

 

Најново во Авто-мото