ДОМИНАЦИЈА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ТИМ

Еден-два триумф на Ферари во Будимпешта

Себастијан Фетел заврши како прв, пред неговиот тимски колега Кими Раиконен

објавено: 30 јули 2017 - 15:58

Екипата на Ферари ја потврди доминацијата во текот на целиот викенд во Унгарија. Откако двата возачи на италијанскиот тим беа најбрзи во квалификациите, тие завршија и на првите две позиции на денешната трка.

Себастијан Фетел беше најбрз, а неговиот тимски колега беше веднаш зад него. Место на пиедесталот имаше и за Ватери Ботас од Мерцедес. На трката во Унгарија, бодови освоија уште и четвртопласираниот Хамилтон, потоа Верстапен, Алонсо (негов најдобар пласман годинава), Сајнс, Перез, Окон и Вандорн.

Во генералниот пласман Фетел ја зголеми предноста пред Луис Хамилтон. Фетел има 202 бодови, додека Британецот има 188 бодови, а третопласираниот Ботас досега освои 169 бодови.

Најново во Авто-мото