Италијанскиот тим продолжува да ја прави сезоната интересна

Фетел со пол-позиција, „eден-два“ за Ферари во Сочи

Италијанскиот тим со двата свои возачи го запоседна врвот во квалификациите за Големата награда за Русија, а од пол позицијата ќе стартува Фетел кој оствари време од 1:33.194

објавено: 29 април 2017 - 15:50

Себастијан Фетел ќе тргне од пол позицијата на трката за големата награда за Русија. На патеката во Сочи, Ферари имаше одлични квалификации бидејќи од второто место ќе стартува Кими Раиконен токму од овој тим.

Фетел во третата квалификациска сесија имаше најбрзо време од 1:33.194 минути. Неговиот клупски колега, пак, патеката ја мина за 1:33.253 минути. Интересно е што возачите на Мерцедес, Валтери Ботас односно Луис Хамилтон кои важат за главни фаворити за освојување на титулата, завршија на четвртото и петтото место.

За Ферари, ова е „еден-два" во квалификациите по девет години пауза. Почетокот на утрешната трка е предвиден за 14:00 часот.

Најново во Авто-мото