БРИТАНЕЦОТ Е МНОГУ БЛИСКУ ДО НОВА ТИТУЛА ВО Ф1 ШАМПИОНАТОТ

„Еден-два“ за Мерцедес во Сочи, Ботас му „пушти“ на Хамилтон да победи! (ФОТО)

На денешната неделна трка во Сочи (Русија) триумфираше Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес и е многу блиску до нова шампионска титула во Формула 1.

објавено: 30 септември 2018 - 14:55

На второто место се најде неговиот клупски колега, Валтери Ботас, а на третата позиција се најде пилотот на Ферари, Себастијан Фетел.

Хамилтон се наоѓаше под притисок на Фетел во 25. круг, а потоа дојде тимска наредба од Мерцедес до Финецот Ботас кој остави да биде престигнат од Хамилтон, по што нештата се променија во текот на трката.

Ова го призна и Хамилтон:

„Ова беше навистина тежок ден. Валери беше вистински џентлмен што ме пушти. Тој заслужи да победи, но денеска на дело се покажа тимската сила", рече Британецот.

Британецот е многу блиску до својата петта титула во Формула 1. Сега има 50 поени пред пред Фетел, а до крајот има уште пет трки.

Еве што кажа и Ботас после трката:

„Тежок ден. Добар резултат како тим, но лично сите видоа дека беше тешко. Луис се бори за шампионатот, значи секогаш имаме план, но тоа е што е".

Следната трка од Ф1 првенството ќе се одржи на 7. октомври за Големата награда на Јапонија.

Најново во Авто-мото