КОГА ЗБОРУВА БЕРНИ, ТОА ИМА „ТЕЖИНА"

ЕКЛСТОН Е СИГУРЕН - Кубица е решение за Вилијамс!

Некогашниот прв човек на Формула 1, вели дека Вилијамс не треба да размислува толку долго околу ангажманот на полскиот возач за наредната сезона...

објавено: 12 октомври 2017 - 22:05

Берни Еклстон е убеден дека Роберт Кубица може да се врати во ормула 1 шампионатот, и да вози исто како и пред тешката повреда коај го одводи од авто-мото спортот неколку сезони.

Некогашниот број 1 во светот на Формула 1, истакнува дека во последните неколку месеци ги следел случувањата во врска со Кубица, и дека воопшто не се сомнева дека токму тој е она што му треба на тимот на Вилијамс за да направи исчекор напред во следната сезона.
Полскиот авбтомоблист пред два дена тестирапше во болидот на британскиот тим на патеката во Силверстон, а планирано е да се најде зад воланот на Вилијамс и следната седмица на Хунгароринг.
Конкуренти за место во тимот во овој момент за Кубица се Фелипе Маса односно Пол Ди Реста. Но се чини дека се ќе зависи околу тоа дали е подготвен да ги истрпи напорите кои ги бараат модерните болиди.

„Ако Роберт не доживееше несреќа, досега ќе беше шампион. Сметам дека може да се врати подобар од што беше порано. Ментално, така мислам, ќе биде поагресивен од порано, и затоа му предвидувам добри рабти. Што се однесува до неговата физичка состојба, пред многу години, кога јас имав свој тим, во него седеше едно момче кое се викаше Арчи Скот-Браун. Беше неверојатно брз, а беше во многу полоша ситуација од Роберт. И беше неверојатно успешен. Верувам дека повредата нема да му смета. Да сум јас Френк Вилијамс би се обидел да го убедам да додје во Вилијамс. Можеби ќе остане без Фелипе Маса, мислам дека му е доста од тркање. А ако дојде Роберт тогаш може да 'помрдне' многу луѓе кои работат таму. Ќе биде добар за Формула 1, сигурен сум во тоа"- анализираше Берни за состојбата во која сега се наоѓа Пољакот.

Најново во Авто-мото