Некогашниот број 1 во светот на Формула 1 смета...

ЕКЛСТОН: Мекларен е виновен за Хонда!

Берни Еклстон веќе не е дел од Формула 1, но неговите размислувања привлекуваат големо внимание...

објавено: 14 септември 2017 - 14:45

Некогашниот број 1 во светот на Формула 1, Берни Еклстон смета дека компанијата Мекларен важи како виновник за неуспесите на моторите на Хонда во нивниот болид.

 „Не гледам според што Мекларен ќе биде посреќен со моторите на Рено. Тие се виновни за неуспехот, а не Хонда Тие само 'плачеа', и се расправаа наместо секој ден да работат. Останувањето на Алонсо и договорот со Рено би можеле да бидат супер работа за нив, но само ако во целост го променат својот пристап“- објасни Еклстон за „Дејли Меил".

За потсетување, во Сингапур би требало да се официјализира прекинот на соработката, а во следната година, извесно е, Мекларен ќе ги користи моторите на Хонда, додека пак јапонскиот производител ќе биде во болидите на Торо Росо.

 

Најново во Авто-мото